ПМФЛ: Мајсторија на Босанчиќ за бод на борбениот Вардар, 1:1 на Чаир, реми на шампионот, убедливи Работнички и Силекс! (ВИДЕО)

1449

Попладнево се одиграа сите шест средби од 5.коло во нашата елитна лига.

Веднаш се гледа какво засилување е Босанчиќ за Вардар. При резултат 1:0 за Гостивар се играше 85.минута кога Србинот со прекрасен шут од слободен удар успеа да постигне ефектен гол за реми за Вардар. Вардар под водство на Захариевски, на кого ова му беше официјално деби, беше борбен, максимално ангажиран и заслужи баре бод. Доаѓаат поубави денови за нашиот најтрофеен клуб.

Супер дербито на Чар каде се сретнаа Шкупи и Шкендија заврши без победник, 1:1. Канда донесе радост на Чаир, но Цаке сепак успеа да донесе бод за својот тим.

Струга ТЛ водеше со 0:1 во Битола, но не сепак не успеа да дојде до првата гостинска победа сезонава. Пелистер израмни со автоголот на Радиќ за конечни 1:1.

Работнички со 3:1 покажа дека е во супер форма. Белица, Данев и Регна беа стрелци за победникот, Витао само израмни на 1:1. Треба да се каже дека Рашид во еден момент играше со рака во својот шеснаесетник, но судијата не покажа пенал за гостите. Сепак заслужена победа на Работнички.

Силекс ја прегази Воска среде Охрид и тоа со 0:3. Конечно кратовци дојдоа до гостинска победа.

Брера со 3:2 ја победи Беса, значи Горазд Михаилов имаше успешно деби на клупата на струмичани.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 5.КОЛО

БРЕРА – БЕСА 3:2

(Ивковиќ 46., 54., М. Ѓорѓиевски 57./Љамалари 76., Реџепи 88.)

ГОСТИВАР – ВАРДАР 1:1

(Алдаир 27./Босанчиќ 85.)



ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ 1:1

(Радиќ (авт) 45./Кехинде 17.)



РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 3:1

(Белица 24./Данев 81.Регба 90./Витао 76.)





ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1:1

(Канда 45./Цаке 61.)



ВОСКА – СИЛЕКС 0:3

(/М. Ѓорѓиевски 61., Кочоски 73., Николиќ 83.)



ПретходноКиелини се врати во Јувентус
СледноМладеновска со први погодоци во Лигата на шампионите