Судии за Куп: Сашко Ристов ќе го суди мечот Новаци – Вардар!

1224

Во среда се играат дванаесет мечеви од 1/16 финалето во Купот на Македонија, другите три се закажани за 2 октомври. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата во оваа фаза од Купот. Па така Сашко Ристов од Струмица е делегиран за главен судија на средбата во Новаци каде што се среќаваат истоимениот тим и скопски Вардар.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за 1/16 финалето во Купот на Македонија:

ДВОЈКИ И СУДИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА – 18.09.2024 – 15 Ч)

Тетово: Џепчиште – Шкупи (Јордан Јовановски – Гевгелија)

Гевгелија: Кожув – Аресими (Никола Петковски – Куманово)

Струмица: Вардар (Н) – Брера (Дејан Младеновски – Скопје)

Битола: Јени Маале – Шкендија (Здравко Костовски – Штип)

Скопје: Слободен – Брегалница (Пларент Салихи – Тетово)

Охрид: Охрид – Беса (Марјан Стојановски – Кичево)

Скопје: Шкендија (А) – Работнички (Дарко Котевски – Битола)

Карбинци: Карбинци – Силекс (Дени Лековски – Битола)

Велес: Борец – Детонит (Борче Павловиќ – Скопје)

Виница: Слога (В) – Струга ТЛ (Ангел Гелов – Кавадарци)

Скопје: Скопје – Пелистер (Игор Иванов – Велес)

Новаци: Новаци – Вардар (Сашко Ристов – Струмица)

02.10.2024 (14 Ч)

Прилеп: Победа – Гостивар (Фатмир Бафто – Охрид)

Струмица: Беласица – Македонија ЃП (Ангелчо Ристов – Неготино)

Куманово: Башкими – Воска (Кирил Смоквоски – Прилеп)

ПретходноСкандал во Милан: Поради синот, Ибрахимовиќ го избркал тренерот на младинскиот тим
СледноРабио велеше дека никогаш не би играл за Марсеј, а сега потпиша за нив