ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Вардар)

1916

Кога за само десет дена, па и помалку, ќе направиш најголема можна трансформација во тимот, кога машки ќе му се спротиставиш на Гостивар, кога тактички маестрално ќе ја подготвиш екипата за дуел со еден така силен тим, и кога најпосле нема да загубиш, јасно е дека одлично си ја завршил својата работа. Токму затоа според „СпортСпорт“ тренер на 5.коло е Срѓан Зхариевски, новиот стратег на Вардар.

Вардар вчера не победи, туку освои бод, но вардарци вчера покажаа како треба да се игра за тој дрес на Вардар. Овој Вардар под водство на Срле е далеку, далеку над тоа што беше до пред некој ден.

Беше јасно уште кога Захариевски беше промовиран како нов стратег, дека раководството на клубот направило маестрален потег со неговото назначување.

ПретходноЧелзи и Борнмут ќе бидат казнети со по 25.000 фунти поради неславен премиерлигашки рекорд
СледноНБА кошаркар ја навредуваше Евролигата па се извинуваше