Одбојкарките на САД максимално над Србија за финале на Игрите во Токио

119

Женската одбојкарска репрезентација на САД е прв финалист на одбојкарскиот тунрир на ЛОИ во Токио. Во првото денешно полуфинале, Американките ја совладаа Србија со убедливи 3:0 (25:19, 25:15, 25:23) и доминантно дојдоа до место во битката за златото.

Светскиот и европски шампион Србија, по фантастичното четврфинале со Италија, комплетно потфрли. Американките, од друга страна, ја одиграа својата најдобра средба на олимпискиот турнир и комплетно го изненадија противникот.

Најдобра во победничкиот тим беше Андреа Друз со 17 поени, Џордан Ларсон освои 15. Во второто полуфинале ќе се сретнат Бразил и Јужна Кореја.

ПретходноНуров не успеа да го мине четврфиналето на ЛОИ во Токио
СледноАмериканките доминантно над Србија за финале на кошаркарскиот турнир