Видеолотарија изгради 17 детски игралишта низ Македонија

30

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија со донација од 43.500.000 денари, изгради 17 детски игралишта низ Македонија. Дополнително, нови две игралишта веќе почнаа да се реализираат во Скопје.  

Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, настојува да биде дгивател кој континуирано придонесува за развојот на заедницата и унапредување на животот на граѓаните. Во нашите заложби за подобра заедница, спортот и создавањето на врски меѓу спорт и младите, имаат значајно место.

Со буџет од 43.500.000 денари, нашата компанија обезбеди функционалност на 17 детски игралишта низ Македонија. Од нив, 7 се инклузивни детски, а 10 мултифункционални спортски игралишта. Нашите активности не застануваат тука. Согласно нашата визија, отпочнати се и активности за изградба на две нови игралишта во Скопје, и тоа, мултифункционално спортско и инклузивно детско. На овој начин, заедно со нашите бренд амбасадори, сакаме да креираме идни македонски успешни приказни во спорт, кои ќе не радуваат сите.

Како модерна и одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина, ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт и рекреација на најмладите низ Македонија. Нашата идеја е да придонесеме кон развивањето на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики низ забава и игра. Затоа остануваме посветени во креирањето на инфраструктура, која ќе помогне во создавањето нови спортиски шампиони во иднина, кои ќе ги бодриме заедно. Да навиваме за Македонија!

#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

ПретходноУ15: Македонија втора на турнирот во Молдавија
СледноБекот на Ливерпул по акциите во Формула 1, сега тргна да го купи и францускиот клуб Нант!