„Лозари“ најавуваат спектакл: Утре доаѓа Вардар, доаѓаат и “Комитите“, се очекува најмалку 5.000 гледачи на трибините!

1189

Така е тоа кога гостува Вардар. Во Кавадарци “врие“, од градот на виното и ракијата, а во последно време и од градот на фудбалот, велат дека атмосферата е пред “експлозија“, се разбира во позитивна смисла. “Лозарите“ се организираат за спектакл, а тука ќе бидат и “Комити“ кои ќе дојдат во голем број, најавени се најмалку 5-6 автобуси. Нема сомневање дека ќе биде се како што треба, секој ќе си навива за својот тим, сите ќе уживаат во спектакуларна атмосфера и сите ќе сакаат победа на својот тим.

Се очекува голема посета, полни трибини, Вардар е “магнет“ за публиката кога гостува, без разлика каде и се очекува најмалку 5.000 гледачи на трибините на Градскиот стадион во Кавадарци, што за наши услови тоа е фантастична бројка.

Нема што, сите ќе уживаме во фудбалски спектакл.

Мојсов против Захариевски, “Лозари“ против “Комити“, Тиквеш против Вардар.

Тоа е фудбалот.

ПретходноПоранешниот освојувач на Тур де Франс призна дека се дрогирал
СледноЈовиќ го напушта Милан? Ја доби „деветката“, а потоа го „избришаа“ од тимот