Еторе Месина за Нено: Знаевме дека е одличен играч, затоа го донесовме!

184

Ненад Димитријевиќ уште еднаш потврди дека ќе биде супер засилување за Олимпија Милано. Македонскиот репрезентативец синоќа во полуфиналето од Суперкупот на Италија едноставно блескаше со 14 поени и беше најзаслужен што “манекените“ се пласираа во финалето.

По мечот тренерот на Нено, славниот Еторе Месина, имаше само пофални зборовои за Македонецот:

Одличен играч, ние тоа го знаевме и затоа го донесовме во нашиот тим.Дојде од Уникс Казан каде беше лидер, станува збор за кошаркар кој може да пополни повеќе позиции во тимот и ќе ни биде голема помош во новата сезона. Имам за него само пофални зборови“ истакна Месина.

ПретходноЕве во овој “пекол“ од 36.000 гледачи Партизан го победи Пао!(ВИДЕО)
СледноСупер дерби покрај езерото: Струга ТЛ VS Шкупи во битка за бодови, во битка да се покаже кој е кој!