Ракометарите на Тиквеш вечерва во меч од 3.коло во ракометната Суперлига на Македонија, успеа лесно со 36:25 да слави над Куманово и си тоа да дојде до првата победа сезонава.
Уште на стартот се виде кој е кој на овој меч, кавадарчани уште на почетокот од мечот ставија до знаење дека ги интересира само победа и до неа дојдоа се чини и полесно од очекувањата.
На пауза се замина со убава предност од 15:10.
Во второто полувреме гостите од Куманово немаа сили како барем да се приближат, па затоа на другата страна домашниот состав само ја зголемуваа разликата која на крајот гласеше +11 или победа од 36:25.
Кај Тиквеш со по пет голови најефикасни беа Кофилоски, Лазов, Обина и Коцев. Додека кај гостите по пет гола постигнаа Димевски и Мораиш.