Вечерва се одиграа четири средби од 3.коло во ракометната Лига на Шампионите. Во екстра драматичен меч, Алборг и Магдебург одиграа 33:33. Интересно е тоа што домашниот состав имаше водство и со пет разлика во второто полувреме, но и тоа не му беше доволно да победи. Колстад со 29:25 го надигра и го победи Загреб и заслужено ги освои бодовите.
Киелце – Барселона 28:32 е епилогот од мечот во Полска. Ова беше трета победа на каталонскиот гигант во исто толку мечеви и затоа во групата Б е максимална со 6 бода.
И во последнио меч вечерва во најсилната ракометна лига во Европа, екипата на Спортинг како домаќин успеа и повеќе од улбедливо, со 39:30 да го совлада Веспрем и да дојде до третата победа во групата – А, и да ги освои сите шест бода како Барса во другата група.
Унгарскиот тим на овој меч немаше ама баш никакви шанси, во целост беше надигран.