Карабао Куп: Дерби во Лондон, Тотенхем ќе го пречека Манчестер Сити

115

Синоќа по завршувањето и на последните два меча од 1/16-финалето на Карабао Купот во Англија, беа извлеченидвојките за осминафиналната фаза. Дербито на рундата ќе го одиграат премиерлигашите Тотенхем и Манчестер Сити, чиј домаќин ќе биде лондонскиот гигант. Интересно ќе биде и на дуелот меѓу носителот на Лига куп трофејот Ливерпул и премиерлигашот Брајтон, меч кој ќе се одигра на теренот на „галебите“.

Манчестер Јунајтед во оваа рунда ќе му гостува на Лестер, додека Кристал Палас гостува кај Астон Вила.

КАРАБАО КУП – ОСМИНАФИНАЛЕ:

Брентфорд – Шефилд Венздеј

Саутемптон – Стоук

Тотенхем – Манчестер Сити

Вимблдон/Њукасл – Челзи

Брајтон – Ливерпул

Престон – Арсенал

Астон Вила – Кристал Палас

ПретходноАрсенал има ново „чудо“: Нванери е најмладиот играч со два гола на своето деби
СледноМаксимов го оперираше коленото, го чека подолга пауза