Нема предавање, Пелистер оди да се надигрува со Динамо Букурешт

95

Пелистер денеска (18:45 часот) му гостува на Динамо Букурешт во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. За ракометарите на актуелниот македонски првак ова е уште еден тежок предизвик во најсилното европско клупско натпреварување.

Зад битолчани е убедливиот пораз од Фуксе Берлин на домашен терен, и поразот од ПСЖ на гости. Противникот е добро познат за избраниците на Бранислав Ангеловски, кои и на овој меч не смеат да си дозволат пад во играта доколку сакаат да бидат рамноправен противник.

„Се подготвуваме чекор по чекор, се спремаме силно за овој предизвик. Во кус период имаме многу тешки натпревари.  Играме против тим кој има многу добри играчи, и на нас добро познати, играат модерен ракомет. Ќе биде тешко против нив, но ние ќе го дадеме максуимумот за да дојдеме до добар резултат“, рече ракометарот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ.

ПретходноСтрумица го доби противникот во ЦЕВ Купот, стариот познаник Фино Капошвар
СледноРаботнички на мегдан против Сутјеска во кам-бекот во АБА2-лига!