Крос: Требаше да одам во Ман. Јунајтед, а потоа дојде Ван Гал и…

881

Германскиот играч за врска Тони Крос, кој летово ја заврши кариерата откако Германија беше исфрлена од Шпанија во четврт-финалето на УЕФА ЕУРО 2024, за првпат се отвори за неговиот неуспешен трансфер во Манчестер Јунајтед.

Во 2014 година со месеци се шпекулираше за негова преселба на „Олд Трафорд“, но на крајот тоа не се оствари, а нешто подоцна Крос потпиша со Реал Мадрид. А поранешниот играч од средниот ред на Баерн Минхен со „Кралевите“ освои пет титули во Лигата на шампионите и четири титули во Ла Лига.

Дејвид Мојс дојде кај мене конкретно и договорот беше практично речиси потпишан. Потоа го отпуштија Дејвид Мојс и Луис ван Гал го презеде клубот. Ова ги комплицираше работите. Немав контакт со клубот некое време и почнав да се сомневам. Потоа почна Светското првенство во Бразил и тогаш Анчелоти ме контактираше (тогаш Италијанецот беше тренер на Реал Мадрид) и натаму ја знаете приказната“, изјави Крос за Sport1.

Како што е познато, Крос и Луис ван Гал не се во добри односи уште откако Холанѓанецот го предводеше Баерн.

ПретходноСуспензија на Градскиот стадион во Неготино
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Гостивар)