КК Пелистер во новата сезона сепак ќе тргне со старото клупско лого. Пред неколчку дена битолчани на своите социјални мрежи се пофалија дека сакаат да тргнат во нова ера со ново клупско лого, но ништо од тоа.
А еве зошто се одлучија да го вратат старото лого:
„Кошаркарскиот клуб Пелистер пред десетина дена го објави новото лого на клубот, во кое наша главна цел беше да биде ставен акцент на битолските симболи, Баба Планина, Саат Кулата и моликите.
Пелистер е клуб што отсекогаш е гордост на Битола и новото лого беше само потврда на силната врска на нашиот колектив со градот чиј заштитен знак се овие симболи.
Изненадени бевме од реакциите добиени поврзани со новото лого кое беше создадено со најчесни можни намери, но сепак решивме да излеземе во пресрет на оние кои реагираат.
Остануваме на желбата со „ново лого да влеземе во нова ера на клубот“, но решивме шампионатот да го почнеме со досегашниот клупски симбол, кој ќе го носиме до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Во меѓувреме, отворени сме за дискусија и предлози околу дополнување на логото или евентуално ново идејно решение, се со цел КК Пелистер да има симбол со кој ќе се гордее цела Битола.“ се вели во соопштението на клубот од Битола.