Се огласи Кејн: Утре се враќам на тренинг на Тотенхем

532

Англискиот репрезентативец Хари Кејн, конечно, го прекина молкот откако не се појави на тренинг на екипата на Тотенхем, со што многумина го окарактеризираа како трансфер во Манчестер Сити.

Меѓутоа Кејн кажа дека се враќа на тренинг на Тотенхем, и дека никогаш не би одбил да тренира.

„Минаа 10 години откако дебитирав за Спарс. Во сите овие години вие навивачите ми пружавте голема поддршка и љубов. Поради тоа ме боли што морав да ги читам некои коментари во изминатите денови кои го доведуваат во прашање мојот професионализам.

Не сакам да влегувам во детали, сакам да кажам дека никогаш не сум одбил да тренирам. Се враќам во клубот утре, како што е планот. Никогаш не би го загрозил односот со навивачите кои ми давале таква поддршка. Така е овој пат“, напиша Кејн.

Меѓутоа ова не значи дека нема да има трансфер во Манчестер Сити. Тимот на Гвардиола ќе се обиде да го купи Кејн за 100 милиони фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harry Kane (@harrykane)

ПретходноПСЖ ќе го промовира Меси на Ајфеловата кула, нема да ја носи „десетката“!?
СледноЈакимовски го нема на подготовките на Лариса, клубот го губи трпението