Стојановска: Убаво е да се почне сезоната со победа, ни дава дополнителен мотив

164

Баскет Кам 2011 со трофеј ја почна сезоната. Избраничките на Жаклина Стојановска го совладаа МЗТ Скопје во рамкита на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ со (74:54).

Стојановска е задоволна и среќна за победата и освоениот пехар, но смета дека има се уште простор за подобрување на играта.

„Убаво е да се почне сезоната со победа, бидејќи тоа дава дополнителен мотив и самодоверба на тимот. Сепак, свесни сме дека има простор за подобрување и дека осцилациите во нашата игра треба да се корегираат. Работиме на анулирање на овие слабости и целиме кон усогласување на формата на тимот. Младата екипа на МЗТ покажа коректна игра и им посакувам успешна сезона“, истакна Стојановска.

ПретходноДавидовски до подиум на трката во Валенсија
СледноТен Хаг: Не размислувам за отказ, ни треба време за да се подобриме…