Поранешниот голман на Парма, ПСЖ, Јувентус и на италијанската репрезентација, 46-годишниот Џанлуиџи Буфон по вторпат се ожени, овој пат со својата 51-годишна партнерка, поранешна ТВ водителка Иларија Д’Амико.
Буфон и Д’Амико приредија голема прослава за 250 гости, меѓу кои беа и поранешните соиграчи на Џанлуиџи, Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи, селекторот на Италија Лучијано Спалети и холивудскиот режисер Тим Бартон, заедно со Моника Белучи, која беше кума на венчавката.
Италијанецот на својот Инстаграм сподели фотографија од настанот кој се случи во Тоскана.
„Конечно ние“, напишал тој под фотографијата.
View this post on Instagram
Легендарниот голман и Иларија се забавуваат од 2014 година, а тој ја побарал за жена уште во 2017 година, но двојката се договорила да ја легализираат врската откако екс-фудбалерот ќе замине во пензија.
Првата сопруга на Буфон беше чешкиот модел Алиона Середова.