Ембид ослабе десет килограми и најави голема битка

91

Кошаркарот на Филаделфија Севенти Сиксерс, Џоел Ембиид ослабе 10 килограми пред почетокот на сезоната во НБА, се со цел да изгледа што е можно поподготвено за врвот на годината во најсилната кошаркарска лига во светот.

“Мислам дека ослабев десет килограми во споредба со претходната сезона. Се уште не сум во совршена форма, сакам да ослабам повеќе. Тоа е процес. “, изјави Ембид, кој ќе води голема битка и во претстојната сезона со Никола Јокиќ на многу полиња.

Во сезоната зад нас, Ембид, МВП на сезоната 2022/23, одигра само 39 натпревари поради проблеми со коленото, каде што имаше просек од 34,7 поени, 11 скока и 5,6 асистенции.

„Штом го завршивме натпреварувањето минатата сезона, му испратив порака и му реков дека мораме да направиме се што е потребно за да бидам здрав во следниот плеј-оф. Нема други цели. Не ме интересира Ол-стар или првата петорка на НБА, само сакам да бидам во оптимална кондиција за време на плејофот, изјави силниот кошаркар.

ПретходноЕлмас пред утрешниот меч против Јуве: Секогаш е тешко да се игра против италијански тимови!
СледноЛШ: Интер ја чека Ц. Звезда на “Меаца“, Арсенал против ПСЖ, Милан гостува во Леверкузен