Големиот фаворит за пласман на ЕП во нашата група, селекцијата на Литванија, во Скопје доаѓа со еден од најдобрите играчи во историјата како предводник од клупата, а тоа е Римас Куртинаитис.
На седницата на Извршниот комитет на литванската федерација, одлучено е токму Римас Куртинаитис да биде нов селектор на една од најдобрите европски репрезентации.
Еден од најдобрите играчи во историјата на литванската кошарка, сега ја добива и првата тренерска позиција, а во пресрет на продолжението на квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
Неговата прва задача ќе биде креирање на стратегијата за литванската кошарка во наредните четири години.
„Најпрво да и се заблагодарам на Литванската федерација но и на тренерската асоцијација кои ми ја дадоа довербата. Не чувствувам некои преголеми емоции затоа што пред мене имам доста одговорна работа, и најголеми очекувања. Она првото е да се пласираме на Евробаскетот следното лето“ – изјави Куртинаитис по промоцијата за нов предводник на литванската сениорска репрезентација, кој своето деби ќе го има на 21 ноември во Скопје, токму против Македонија
Интересно, овој 60. годишен стручњак во овој момент ја извршува функцијата на шеф на стручниот штаб на азербејџанскиот Сабах, каде на клупата го наследи македонскиот тренер, Никола Божиновски.