Обрадовиќ е главната ѕвезда: Евролигата на спектакуларен начин ја најави новата сезона! (ВИДЕО)

89

Во четврток стартува новата сезона во Евролигата, која секако дека по НБА е најквалитетното клупско натпреварување во светот. По подолго време и Македонија ќе си има свој претставник оваа сезона и тоа преку Ненад Димитријевиќ, новиот член на Олимпија Милано.

По тој повод, Евролигата со спектакуларно видео ја најави новата сезона. Се разбира дека во видеото главна ѕвезда е Жељко Обрадовиќ, актуелниот тренер на Партизан, човек кој во својата кариера дури девет пати како тренер го освојувал драгоцениот пехар со што е рекордер.

Покрај него во видеото се појавуваат и Бодирога, Богдановиќ, Атаман, Ласо, Белинели и уште многу други кошаркарски “фаци“ кои и тоа како нешто значат во светот на кошарката.

ПретходноУ17: Македонија одигра нерешено на првиот тест со Кипар
СледноПелистер тргна победнички во АБА2-лига, во Битола „падна“ Широки