У17: Македонија одигра нерешено на првиот тест со Кипар

195

Репрезентацијата на Македонија до 17 години одигра нерешено 1:1 на првиот од двата планирани контролни натпревари против селекцијата на Кипар.

Денешниот дуел, како и оној закажан в четврток се одигра во Никозија. Овие два меча ќе бидат и последна проверка за момците на селекторот Карафиловски пред квалификациите за пласман на ЕП кои на програмата се кон крајот на октомври во Исланд.

ПретходноАндреј Стојчевски од Жилина ќе биде ново име за октомвриските дуели во Лигата на нации
СледноОбрадовиќ е главната ѕвезда: Евролигата на спектакуларен начин ја најави новата сезона! (ВИДЕО)