Одбојкарките на Работнички вечерва дебитираат во ЦЕВ Лигата на шампионите

33

Одбојкарките на Работнички вечерва (19 ч.) во салата „Парк“ во Струмица ќе дебитираат во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ. Нашиот шампион за противник го доби силниот романски првак Волунтари, кој ќе биде голем фаворит во двомечот, но и голем предизвик за нашите одбојкарки кои ќе се обидат да го почувствуваат духот на најсилното европско натпреварување.

„За нас настапот во ЦЕВ Лигата на шампионите е голем предизвик. Минатата година одигравме два натпревари со екипа од Романија во рамките на ЦЕВ Купот и тоа беше големо искуство за нас. Секако и настапите со репрезентацијата на Македонија ни помагаат да добиеме поголемо искуство пред овие натпревари. Се надеваме дека публиката во Струмица ќе дојде да не бодри на овој натпревар од кој треба да добиеме уште поголемо искуство. Противникот е голем фаворит, но ние ќе се обидеме со максимална борбеност да дојдеме до што е можно подобар резултат, иако сме екипа составена од млади одбојкарки“, вели пред денешниот дуел, една од најдобрите одбојкарки на шампионот, Антонија Баталаковска.

Судии на денешниот меч ќе бидат Турчинот Акинчи и Јовчев од Бугарија.

ПретходноРоналдо: Повеќе не ме интересираат лични рекорди
СледноФудбалер на Манчестер Сити бил уапсен за кражба на мобилен телефон