Фудбалер на Манчестер Сити бил уапсен за кражба на мобилен телефон

145

Весникот „Ел Мундо Депортиво“ денеска објави дека фудбалерот на Манчестер Сити, Матеус Нунес, кој стартуваше синоќа во победата на Манчестер Сити со 0-4 против Слован Братислава во Лигата на шампионите, бил уапсен на 8 септември во ноќент клуб во Мадрид.

Според информацијата на весникот, португалскиот фудбалер наводно му украл телефон на некое лице кое се обидело да го фотографира во тоалетот.

Откако бил пријавен, фудбалерот бил уапсен од полицијата.

Португалецот дојде во Манчестер Сити за 62 милиони од Вулверхемптон во 2023 година.

ПретходноОдбојкарките на Работнички вечерва дебитираат во ЦЕВ Лигата на шампионите
СледноМилевски го објави списокот: Стојчевски и Илиевски од У21 доаѓаат кај сениорите