Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг по ремитоа на натпреварот од второто коло од главната фаза во Лигата на Европа против Порто (3:3), побара трпение од фановите.
„Го започнавме натпреварот многу добро, доминиравме, постигнавме два гола и потоа ја загубивме контролата. Тешко е да се игра на овој стадион. Не судете ни сега, судете ни на крајот од сезоната. Во процес сме, ќе се подобриме. Имавме две сезони каде што стигнавме до финале, ќе продолжиме да се бориме. Го гледате духот и врската помеѓу персоналот и тимот. Играчите се обединети, имаат силен дух и сакаат да успеат. Добро сме расположени, но во некои моменти треба да ја засилиме играта, особено во одбраната“, вели стратегот на „црвените ѓаволи“.