У19: Мухамед Елмас на местото на повредениот Силјановски

227

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години во периодот од 9 до 15 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во Лукембург за пласман во елитната фаза на квалификации. Селекторот Вујадин Станојковиќ денеска беше приморан да направи една промена во составот, поради повреда.

Како што информираа на ФФМ, на местото на повредениот Андреј Силјановски од екипата на Пелистер, во селекцијата кој аќе патува на турниор во Луксембург ќе се најде фудбалерот на Гостивар, Мухамед Елмас.

Покрај Македонија, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на домаќинот Луксембург, Словачка и Летонија.

ПретходноОткако беше исфрлен од тимот за мечот со Арсенал, Дембеле не бил ниту на тренинг
СледноКлубот на Роналдо не сака да патува во Техеран поради безбедносни причини