Најдобриот кошаркар на САД, Кевин Дурент и неговите соиграчи од репрезентацијата го освоија златото на Олимписките Игри. Од почетокот на подготовките па до финалето, Американците постојано беа на мета на критики, во јавноста не им даваа големи шанси за освојување на тронот.
Па, токму затоа по финалето со Франција, Дурент испрати порака до сите критичари.
„Ова е порака за сите кои не веруваа дека ќе го освоиме златото. Имаа некоја ранг листа, не ставија на четвртото место зад Словенија. Дали сте сериозни? Оваа вештина е неспоредлива“, изјави Дурент.