Перо Антиќ, првиот човек на КФСМ и еден од нашите најдобри кошаркари во историјата не крие дека е голем фан на Ц. Звезда, а таму и играше. Исто така познато е дека е негов голем пријател е Богдан Богдановиќ, иконата на Партизан и сегашен член на Атланта. Перо и Богдан заедно играа во Фенербахче и важат за големи пријатели, па одтаму малку во шега Антиќ за медиумите во Србија испрати тешка провокација кон Партизан:
“Со Богдановиќ сме во постојан контакт, токму пред два дена се допишувавме. Кога – тогаш ќе го донесам во Ц. Звезда. Тој ми рече дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но сепак јас мислам дека тоа ќе го стори во “црвено – белиот“ дрес“ истакна Антиќ.
Секако дека ова нема да наиде на воодушевување кај фановите на Партизан кои не кријат дека воопшто не го “мирисаат“ Антиќ поради неговата блискост со Ц. Звезда.