Пицерија го тролаше тренерот на Манчестер Јунајтед

384

 

Ерик Тен Хаг е под огромен притисок во Манчестер Јунајтед и се поблиску е до отказ отколку до задржување на столчето. Синџирот ресторани Доминос пица го тролаше Холанѓанецот додека бараат нов персонал.

Тие на хумористичен начин го нападнаа Тен Хаг. Паркираа комбе пред „Олд Трафорд“ со порака: „Вработуваме… (не тебе, Ерик)“.

Потпаролот на Доминос коментира:

„Врз основа на неговата изведба, нема уште долго да седи на клупата на Манчестер Јунајтед. Ние бараме луѓе кои се успешни и имаат добри резултати… за жал меѓу нив не е Тен Хаг“.

ЦЕЛАТА СТОРИЈА ОВДЕ

ПретходноМанчестер Сити – Премиер лига 1:0
СледноПочина поранешен светски атлетски шампион