Очекувно, во второто 1/4 финале во Ријад на егзибицискиот турнир “Шесте кралеви“, Карлос Алкараз со 2:0 (6:4 и 6:2) во сетови просто го “збриша“ Холгер Руне и си закажа полуфинале со Рафаел Надал. Ова за двајвата Шпанци ќе биде последен дуел ако се знае дека Рафа пред неколку дена објави дека оди во пензија.
Се разбира дека и двете полуфиналња, се играат утре после 18:30 часот, ќе бидат повеќе од спектакл.
Прво се среќаваат Синер и Новак, за да после тоа на теренот во Ријад ќе излезат Карлито и Рафа, со ова Алкараз ќе го има “последниот танц“ со својот сонародник.