Вечерва во последниот меч од 3.коло во Евролигата, Барселона како домаќин успеа со 86:71 убедливо да го победи Монако и да му го нанесе првиот пораз во новата сезона во најквалитетно кошаркарско клупско натпреварување во Европа.
Со оваа победа сега Барса на делба на второто место со уште седум екипи кои имаат скор од 2-1, само Ц. Звезда има максимални 3-0. А токму го петок Барса гостува во Белград кај “црвено – белите“ и тоа секако дека ќе биде дербито на 4.коло.
Барса во текот на целиот меч беше подобар противник, имаше водство код од почеток до крајот не го испушташе, за да на крајот слави си убедливи +15 поени.
Гостите ја добија само последната четвртина со +2, но јасно е дека тоа беше недоволно за ништо друго освен за првиот пораз во сезоната.
Пантер кај победничкиот тим реализираше 21 поени, додека кај гостите најефикасен беше Окобо со 13 поени.