Румениге: Играчите и менаџерите се виновни за зголемениот број натпревари!

102

Во последно време играчите, оние врвните, па и тренерите почнаа да го дигаат гласот поради густиот календар. Посебно откако се обзнани дека ќе има клупско Светско првенство следното лето. Јасно е дека во последните неколку години драматично се зголемиот бројот на натпревари, но исто така јасно е дека самите фудбалери земаат далеку поголеми плати во однос на минатото.

Токму на оваа тема свое мислење даде и иконата на германскиот и европски фудбал Карл-Хајнц Румениге, кој сега е дел од раководството на Баерн Минхен:
“Во овој случај виновни се играчите и нивните менаџери. Тие бараат повисоки плати и со тоа ги тераат клубовите да генерираат поголеми проходи. Од каде да дојде тој приход? Па, само од повеќе натпревари, јасна е математиката. Што се однесува до СП за клубови кое ќе се одржи следното лето, ќе биде добар турнир. Ќе ги инспирира луѓето, сигурн сум во тоа. Да не заборавиме дека ќе одржува на четири години а не секое лето“ истакна покрај другото славниот Германец.

ПретходноЛегендарниот Том Брејди стана малцински акционер на Лас Вегас Рајдерс
СледноСудии за ПМФЛ: Пилешков “главен“ на дербито на Арената, Качевски ќе им суди на Беса и Вардар