Меси се расплаче на збогувањето: „Никогаш не помислував дека ќе дојде овој ден…“

2241

Лионел Меси ја одржува прес-конференцијата на Камп Ноу на која потврди дека си заминува од Барселона по 20 години. Со многу емоции, Аргентинецот се расплаче на збогувањето.

„Благодарност до сите кои беа со мене. Никогаш не ни помислував дека ќе дојде овој ден. Дека ќе заминам на ваков начин. Заминувам, а да не ги видов навивачите поради пандемијата. Сакав тоа да се случи пред полн Камп Ноу, но ете, вака требало да биде. Се надевам дека на некој начин ќе се вратам и ќе помогнам на клубот, во било која улога. Ви благодарам на сите за убавите мигови. Имаше и убави и тешки моменти, но поддршката секогаш беше голема“, рече Меси и додаде: 

„Тука сум цел живот. Не сум подготвен за ова. Фамилијата и јас бевме уверени дека ќе останеме тука. Денеска морам да кажам збогум. Тука сум од 13 години и после 21 години заминувам со сопругата, со три каталонски-аргентински деца. Ова е мојот дом“, рече Меси. 

ПретходноМакедонија на крајот на 77. место на ОИ во Токио
СледноДербито во Штип, првакот му гостува на Тиквеш…вечерно фудбалско уживање во Струмица!