Синер повторно подобар од Ноле, обезбеди финале во Ријад

316

Новак Ѓоковиќ (37) загуби во полуфиналниот меч на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ што се одржува во Ријад, откако Италијанецот Јаник Синер беше подобар по три сета (6:2, 6:7, 6:4).

Само неколку дена по финалето во Шангај, Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер повторно се сретнаа, но овој пат вкрстија во полуфиналето на егзибицискиот турнир и приредија уникатен спектакл, достоен за Грен слем финале.

Синер тргна со предност во првиот сет, а иако се чинеше дека ќе го реши полуфиналето во два сета, Ѓоковиќ покажа зошто е најдобриот тенисер на сите времиња, па по тај-брејк успеа да се избори за трет решавачки сет.

Во него неизвесноста траеше во рвите осум гејма (4:4), по што Синер успеа да ги добие следните два и да обезбеди финале. Таму ќе го очекува подобриот од второто полуфинале меѓу шпанските ривали Алкараз и Надал.

ПретходноВатерполо скандал: Италија нема да игра на Светското првенство поради закани кон судиите на ЛОИ во Париз!
СледноЕнрике потпишал нов договор со ПСЖ