Фуриозен старт: Ракометарките до 17 години го „збришаа“ Косово

196

Женската ракометна репрезентација до 17 години со убедлива победа го отвори ЕХФ шампионатот, кој се одржува во Литванија. Избраничките на селекторот, Љубомир Савевски на стартот го совладаа Косово со 33-15.

Јанкуловска со шест гола беше прв стрелец, зад неа со еден погодок помалку беа Еленин и Дуковска.

Ова беше меч кој беше решен уште по првото полувреме. Нашите девојки постигнаа 17 гола во мрежата на противникот, на другата страна пак косовската репрезентација едвај реализираше пет гола. Натпреварот го отворивме со серија од 13-1, Косово останатите 4 гола ги даде во последните десет минути од овој период.

Второто полувреме беше чиста формалност, рутински без проблем, Македонија дојде до триумфот.

Покрај Косово во групата со нашата репрезентација се уште Шпанија, Литванија и Финска.

Во следното коло, Македонија ќе има тешка задача, игра против Шпанија.

ПретходноГолем удар за Клоп: Се повреди Робертсон!
СледноПМФЛ: Тенок старт на фаворитите, новајлиите покажаа заби…