Винисиус и екс-фудбалски ѕвезди вмешани во пирамидална измама

391

Бразилското крило на Реал Мадрид, Винисиус и неколку поранешни фудбалски ѕвезди се во големи проблеми. Меѓу нив се Роналдињо, Роберто Карлос, Луис Фиго, Икер Касилјас и Фернандо Иеро. Тие учествувале во настани на крипто компанија која ветувала 300% профит, а сега се соочуваат со тужби од жртвите на финансиската пирамида.
На инвеститорите им било ветено враќање од 300% за 14 месеци. Подоцна терминот се одолговлечил на 18 месеци, а потоа на 26. Вкупно три милиони луѓе инвестирале околу 3 милијарди евра во пирамидата наречена Омегапро.

Тројца од основачите се уапсени, а уште двајца се бегалци. Една од жртвите, 56-годишната Долорес од Каталонија изгубила 18 илјади евра во оваа пирамида.
„Како може ова да биде измама? Беа вклучени фудбалери, а логото на компанијата беше поставено на облакодер во Дубаи“, не може да поверува измамената госпоѓа.

Една од клучните стратегии на Омегапро беше да организира настани со познати сегашни и поранешни фудбалери за да ги увери инвеститорите во веродостојноста на бизнис моделот. Исто така, нареди проекција на своето лого на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи.

ПретходноДон Флорентино во шок: Ѕвездата на Реал најави заминување!
СледноУрнебесна реакција на Гатузо: „Уф, каква е оваа вода…“! (ВИДЕО)