Она што “СпортСпорт“ ексклузивно го најави во неделата, од вечерва е и официјално. Марсио Мерт Нобре (43) е новиот шеф на стручниот штаб на Гостивар. “СпортСпорт“ најави дека Нобре ќе биде промовиран после 23 часот, ете и тоа се оствари. Се знае дека Гостивар објавува “бомби“ само после 23 часот или на полноќ.
Нобре е Бразилец со турски пасош, има играно за Крузеиро, легенда е на Бешикташ, а играше и за Фенербахче. Како шеф на струката има работено во Генчлебирлиги, Алтај и Чорум. Во неделата беше на Арената и го гледаше својот тим против Работнички, а вечерва и официјално е промовира.
Нобре своето деби ќе го има утре на мечот со Брегалница во рамките на 1/8 финалето во Купот, а во недела во рамките на 11.коло во ПМФЛ, ќе го води Гостивар против Брера.