Барак Обама, некогашниот претседател на САД и еден од најомилените први луѓе во таа земја во последните неколку децении, познат е по тоа што е голем фан на кошарката.
Познато е што се се случуваше во полуфиналето на ЛОИ во Париз, кога дрим – тимот на САД едвај, па дури и со помош на судите успеа да слави над Србија која предводена од Никола Јокиќ на теренот, одигра фантастично.
За тој меч, но и воопшто за најдобриот кошаркар во моментов во светот, некогашниот претседател на САД истакна:
“Јокиќ е ѕвер, неверојатен играч. Има визија како Лери Бирд или Арвидас Сабонис, има мека рака, паметен, ефикасен. Искрено не мислев дека САД ќе го загуби тој меч, ама бев нервозен и бев под стрес во третата четвртина кога Србија водеше со 15 поени разлика. Дури на две минути пред крајот сфатив дека сепак ќе победиме. Се добро се заврши на крајот за нас“ посочи покрај другото Барак Обама.
President Barack Obama praising Jokic is crazy.
I’ll never forget this era of Nuggets basketball.
— Swipa (@SwipaCam) October 23, 2024