Најавено и реализирано. Имено со оглед на тоа дека минатата влада остави хаос во поглед на ваучер системот за помагање на спортот во Р. Македонија, новата влада и пред се министерството за спорт најави и реализира она што е неопходно, а тоа е како да му се помогне на спортот во земјата.
Па така како што дознаваме познати се и сумите на ваучерите за клубовите кои настапуваат во Европа за 2024 година.
Очекувано, најдобро минаа РК Пелистер и РК Вардар со по 11 милиони денари и 10 милиони денари.
Следува ЖРК Ѓорче Петров со 8,3 милиони денари, а потоа и РК Алкалоид со 7 милиони денари.
Како што подолу можете да видите им се дава или одобрува ваучери и на федерации.
Набргу ќе се знаат сумите на ваучерите кои се за клубовите на домашна сцена.
И овојпат ќе нема ваучер за ФФМ, како и минатите години и поради фактот дека раководството на Фудбалската федерација на Македонија е поврзано со низа скандали.