Несторовски постигна гол, но Шибеник на Жута извади реми (ВИДЕО)

377

Со својот втор гол сезонава во хрватското првенство, искусниот македонски напаѓач, Илија Несторовски, учествуваше во ремито Славен Белупо со Шибеник 2:2 во мечот од 11. коло.

Несторовски погоди за израмнување на 1:1 во 30. минута, откако десетина минути претходно гостите поведоа со 0:1. Во вториот дел Славен Белупо постигна гол за 2:1 и потоа остана со играч помалку, по што гостите до крајот успеаја да израмнат на 2:2.

Несторовски остана во игра до 77. минута, по што беше заменет. Стартер за Шибеник беше Леонард Жута, уште еден наш екс-репрезентативец кој беше заменет во 54. минута.

ПретходноМитровиќ си оди од Ал Хилал, на негово место доаѓа Џеко?!
СледноСтанковски ја продолжи голгетерската серија, нов гол за нова победа на Раднички (ВИДЕО)