Е. Пелистер го демолираше Радовиш

93

Само ден по поразот од Веспрем во Лигата на Шампионите, македонскиот првак Е. Пелистер очекувано оствари убедлива победа против екипата на Радовиш со 45:23 во првиот меч од 9-тото коло од македонската Суперлига.

Од почетокот на натпреварот домаќините ја превзедоа иницијативата и за брзо време остварија убедлива разлика. До крајот на првото полувреме битолчани ја зголемуваа својата предност која на полувреме изнесуваше 21:11. Во вториот дел домашниот тим продолжи таму каде што застана и ја полнеше мрежата на ракометарите на Радовиш кои немаа сили да му парираат на шампионот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кузманоски со 9 гола.

ПретходноСтанковски ја продолжи голгетерската серија, нов гол за нова победа на Раднички (ВИДЕО)
СледноСамо што дојде, а веќе планираат да го испратат на позајмица