Денеска од 13 часот се играат сите осум средби од 10.коло во ВМФЛ. Најинтересно секако дека ќе биде во Радовиш каде домашната екипа на Детонит ја дочекува Македонија ЃП со надеж дека може да дојде до победа. Сепак “лавовите“ нема така лесно да се предадат, напротив.
Охрид е во победничка серија, Охрид гази се пред себе и ако денеска освои три бода во Кочани кај Осогово ете го тимот кој имаше очаен старт, во битка за највисок пласман.
Брегалнца на свој требало да има проблем дома со Борец, трите бода се подразбираат.
На останатите мечеви денеска се среќаваат Вардар (Н) – Новаци, Саса – Победа, Вардарски – Башкими, Скопје – Беласица и Кожув – Арсими.
ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Вардар (Н) – Новаци
Саса – Победа
Вардарски – Башкими
Осогово – Охрид
Скопје – Беласица
Кожув – Арсими
Детонит – Македонија ЃП
Брегалница – Борец
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 22, Брегалница 21, Башкими 20, Арсими 19, Охрид 16, Кожув 15, Детонит 14, Беласица 12, Новаци 11, Победа 10, Скопје 9, Саса 9, Вардар (Н) 5, Осогово 5, Борец 5, Вардарски 2…