Фудбалерот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри ја освои Златната топка што ја доделува францускиот фудбалски весник Франс Фудбал. Шпанскиот играч за врска доби најмногу гласови во конкуренција во која, меѓу другите, беа и Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Лаутаро Мартинез, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
Крилниот напаѓач на Реал, Винисиус проговори откако Родри ја освои наградата.
“Ќе го направам тоа уште десет пати. Тие не се подготвени”, напиша тој на социјалните мрежи најавувајќи дека ќе биде уште подобар.
Eu farei 10x se for preciso. Eles não estão preparados.
— Vini Jr. (@vinijr) October 28, 2024
Винисиус беше одличен минатата сезона, со Реал Мадрид го освои шампионатот и Лигата на шампионите. Тој заврши на второто место во гласањето за Златна топка.
Фактот што Винисиус не ја освои Златната топка ги налути сите во Реал па решија да бојкотираат. Никој од клубот не дојде во Париз за наградата, иако Реал освои три трофеи. Тие се најдобриот тим, Карло Анчелоти е најдобар тренер, а Килијан Мбапе ја подели титулата најдобар стрелец со Хари Кејн.