Вардар со Столе како „диригент“ денеска ќе бара реванш во Порто, а веќе утре ќе го добие новиот тренер?

1319

Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) ќе се обиде да му се реваншира на Порто за поразот на домашен терен во рамките на 3. коло во Европската лига. Македонскиот тим отпатува со промени на тренерската позиција, Владо Недановски во договор со првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, спогодбено ја раскинаа сорботката, па оваа функција привремено ќе ја извршува Стојанче Стоилов.

Во соопштението на Вардар 1961 беше најавено дека до утре ќе биде познато новото тренерско име на клупата на овој тим. Според „Г-спорт“, Гиљермо Милано неофицијално се споменува како нов стратег. Тој на 2 ноември кога ќе заврши У20 турнирот во Никарагва со аргентинската репрезентација, а потоа ќе се упати кон Скопје.

Гиљермо Милано стана селектор на Аргентина во 2021 година наследувајќи го на кормилото шпанскиот стратег Маноло Каденас кому беше асистент. Претходно, 10 години работеше како селектор на јуниорската репрезентација на Аргентина.

Што се однесува до дуелот меѓу Вардар 1961 и Порто, првата средба заврши со победа на португалскиот тим од 22-26. „Црвено-црните“ се трети на табелата со два бода, еден помалку од Порто, додека лидер е Мелсунген со 6 бода. Последното место му припаѓа на Валур, кој има еден бод.

ПретходноОдбојкарите ќе играат Златна Европска лига, дамите со нов настап во Сребрената лига
СледноАлкалоид го доби противникот во 1/16 финалето на ЕХФ Купот!