Ретко кој можеше да претпостави дека Воска, која беше последна на табелата, така играчки и пред се резултатски ќе го декласира големиот фаворит, тимот на Шкупи. Момците од Охрид одиграа навистина квалитетно, но се чини пресуден момент беше првиот гол на домашните и тоа на Абдулхади Јахја за 1:0, на крајот резултатот заврши со 3:1. Па така според “СпортСпорт“ офанзивецот Јахја иако на терен беше само до 55.минута, е играч на колото. Покрај него во идеалниот состав на 12.коло се и Ричков, Јахии и Ларсон.
Во тимот на колото се и Купанов и Ивковиќ (Брера), Илиевски (Струга ТЛ), Гроздановски (Пелистер), Ф. Рамадани (Шкендија), Регба (Работнички), Алиќ (Силекс).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
АБДУЛХАДИ ЈАХЈА
Тим: Воска
Роден: 03.06.1999 во Охрид
Кариера: Еуромилк, Вардар, Шкупи, Струга ТЛ, Воска