Беслими и Реџиќ со сребро на „Србија Самбо Опен“

136

Македонските борачи, Мусај Беслими и Ернад Реџиќ се враќаат со освоено второ место на силниот меѓународен турнир „Самбо Опен“, кој се одржа во Србија. На истиот учествуваа преку 500 борци, а нашите претставници имаа забележителни настапи.

Беслими (2007 годиште) заврши на второто место во категоријата 54 килограми во сениорска конкуренција, натпреварувачи над 18 години, додека пак Реџиќ (2004 годиште) се бореше во категоријата +98 килограми.

Покрај нив учество земаа Ахмед Факиќ (71 кг, 2006 год), Бенјамин Факиќ (66 кг, 2007 год), Енес Хоџиќ (71 кг, 2005 год). Во женска конкуренција настапи Амина Факиќ (68 кг/2007 год).

 

ПретходноОсмани: Покажавме карактер, покажавме зошто сме шампиони!
СледноЧурлинов се врати со гол за нова победа на Јагиелонија (ВИДЕО)