Женската ракометна репрезентација до 17 години ја запиша втората победа на ЕХФ шампионатот во Литванија. Нашите девојки по убедливиот триумф над Косово, на ист начин одиграа и против домаќинот, го совладаа со 15-28.
И на оваа средба немаа тешка задача, Литванките беа рамноправен противник само на стартот, по што македонската репрезентација ја превзема контролата и по првото полувреме имаше позитива од 7-14. По одморот не се промени ништо, лесно, без мака дојдоа до нови бодови.
Ризоска со седум погодоци од десет обиди беше прв стрелец, пет гола запиша Дукоска.