Грција прв противник за Лазаров и кадетите на ЕХФ шампионатот во Скопје

886

Македонската кадетска репрезентација денеска ќе го одигра првиот меч на ЕХФ шампионатот, кој одржува во Скопје, а стартуваше вчера.

Избраниците на селекторот, Кирил Лазаров во првото коло силите ќе ги одмерат со репрезентацијата на Грција. Станува збор за противник, кој вчера беше совладан од Полска со убедливи 28-17 и кој во Скопје допатува со играчките проблеми.

Македонија е фаворит на оваа средба, ракометарите до 19 години имаа успешни контроли пред стартот на ова натпреварување, запишаа четири победи во исто толку одиграни натпревари.

Сите мечеви од ЕХФ шампионатот се играат во СЦ „Борис Трајковски“, дуелот со Грција е закажан со почеток во 20:30 часот.

ПретходноПоследни подготовки за промоцијата на Меси
СледноДали КФСМ и Бајиќ со Димитријевиќ си „купија алиби“ за евентуален неуспех?