Бруно со гол и победа на Јунајтед го прослави јубилејот, супер атракција на Гарначо за збогум со Руд ван Нистелрој! (ВИДЕО)

147

Сега е полесно кога го нема Ерик тен Хаг. Манчестер игра добро, игра спектакуларно на радост на фановите, па така денеска гигантот од “Олд Трафорд“ со 3:0 успеа да го совлада Лестер и да дојде до нови три бода. Резултатот го отвори Бруно Фернандеш со гол во 17.минута со што го прослави јубилејот – 250 натпревари за Јунајтед. На 2:0 зголеми Кристијансен со автогол, за да во 82.минута Гарначо со супер атрактивен гол ги постави конечните 3:0.

Убаво збогум за Руд ван Нистелрој кој за последен пат го водеше тимот како В.Д. Менаџер. На четири меча под негово водство тимот забележа три победи и едно реми. Познато е дека нов стратег е Рубен Аморим.

Нотингем Форест иако водеше со 1:0 на свој терен против Њукасл сепак на крајот славеа гостите со 1:3. Со овој пораз се прекина феноменалната серија на „шумарите“ кои се најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната.

И во третиот меч во попладневниот термин во Премиер – лигата, Тотенхем ги шокираше своите фанови откако на свој терен загуби од Ипсвич со 1:2. Интересно ова беше првата победа сезонава за овој тим.

ПретходноСтрашно: Убиени двајца навивачи пред стадион! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
СледноИ дефинитивно Јуриќ добива отказ, Рома поразена на свој терен од Болоња!