Косовски тренер шамараше осум годишно девојче поради пораз од српска натпреварувачка

813

Срамна информација доаѓа од светот на спортот. Тренер на косовската таеквондо репрезентација шамараше осумгодишно девојче бидејќи загуби од српска натпреварувачка. Оваа скандалозна сцена се случи во Тирана за време на Европското првенство во таеквондо за деца.

Откако видеото се прошири низ социјалните мрежи во јавноста се огласи тренерот.

„Таа е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментот кога девојчето беше дезориентирано и луто бидејќи загуби од српска натпреварувачка, лежеше на под неспособна да го прифати поразот. Единствено што сакав е да и дадам дознаење дека и покрај тоа што претрпе пораз таа е вицешампионка и дека ќе има друга шанса“, изјави Ваљмир Фетиу.

ПретходноЦветан Кузманоски во Пелистер до 2027 година!
СледноНеочекувана средба на Раул Гонзалез со српската репрезентација на аеродромот во Белград (ФОТО)