Вестбрук му „бега“ на Јокиќ, неговиот рекорд засега е недостижен!

140

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Расел Вестбрук синоќа во победата против Мемфис Гризлис стигна до 200. трипл-дабл во кариерата.

Неверојатно достигнување за Рас и секогаш кога ќе запише трипл-даб го соборува рекордот во НБА.

Веднаш зад него, со 136 трипл-дабл во кариерата е соиграчот Никола Јокиќ, кој еден ден би можел да стане најдобар во тој сегмент од статистиката.

„Никола е еден од најдобрите во светот. Не еден од најдобрите, туку тој е најдобар во светот“, рече Вестбрук.

Натпреварот со Гризлис го заврши со 12 поени, 10 скока и 14 асистенции.

ПретходноТајник: Цел град очекува да победиме!
СледноМекиќ пред Литванија: Го респектираме противникот, но мема да се повлечеме!