Феникс Санс со нов договор за Дурант

49

Екипата на Феникс Санс планира налето да му понуди нов договор на Кевин Дурант со вредност од 120 милиони долари. Од Феникс се надеваат дека Дурант ќе ја заврши кариерата во тимот од Аризона.

Актуелниот договор на Кевин Дурант истекува за една година, односно на почетокот на сезоната 2025/26, па со новиот договор Феникс сака да ја „зацементира“ супер-ѕвездата до крајот на неговата кариера. Според информациите и Дурант не би имал ништо против да ја продолжи соработката со Феникс и да заработи уште доста пари.

Во моментов Дурант е повреден и паузира од натпревари во НБА лигата, но пред повредата тој уфрлаше по 27,6 поени на натпревар..

ПретходноЕвропски купови: Јошко и Љафтов во осминафинале, Савовски елиминиран
СледноПелистер испушти победа против Фредериција (ФОТО)